Тоа што министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го направи пред повеќе месеци, деновиве се случува и со пожарникарите во Неготино.

Министерката ги промовира новите гуми за возилата на АРМ, а во екот на летните пожари неготинските пожарникари промовираа нови гуми за старите противпожарни возила, кои се безмалку врсници со градоначалникот.

– Благодарност до градоначалникот Тони Делков и Советот на Општина Неготино што после 30 годишен период пожарните возила добија нови гуми кои се неопходни за потребите на пожарната, напишаа благодарност на Фејсбук од ТППЕ Неготино.

За среќа, вчерашниот дожд, и без „нови гуми“ ја спаси Македонија од повеќето шумски пожари, каде што не можеа максимално да гаснат противпожарните авиони, оти премиерот Зоран Заев кажа дека имаме три авиони, а само двајца пилоти за нив.