Популарниот турски актер Бурак Озчивит минатото лето се ожени со својата сакана, актерката Фахрие Евџан.
За нивната свадба и медениот месец се пишуваше многу, но пред да биде во врска со убавата Фахрие, Бурак имаше уште три љубовни врски, барем оние што се познати во јавноста.
Неговите поранешни девојки не многу потсетуваат на Фахрие, но исто така имаат јавна професија.
Зејнеп Дорткардешлер е турска актерка, а со неа беше во врска од 2005 до 2009 година.
Потоа започна романса со манекенката Ебру Сан, со која беше кратко во 2009 година.
По неа следеше социологот Чејлан Чапа, а врската издржа цели три години, од 2011 до 2014 година.
На крај ја пронајде вистинската и се ожени за актерката Фахрие Евџан.