Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во североисточна Индија и изеле банкноти во вредност од 19.000 долари.

Полицискиот надзорник од градот Тинсукија изјави дека кога техничарите стигнале за да ја поправат расипаната машина на Државната банка на Индија внатре пронашле еден мртов стаорец и уништени банкноти во вредност од 19.000 долари.