Сопругата на Леноел Меси, Антонела Рокузо објави фотографија од тројцата синови . Тие многу личат на татко им. За неполни 10 часа, фотографијата „собра” милион лајкови.

Според фановите, најмалиот Чиро најмногу личи на својот татко.

Лео Меси и Антонела Рокузо имаат три сина, најстариот Тијаго има 7 години, вториот Матео има 4 години, додека најмладиот Чиро се родил минатата година, а наскоро ќе наполни 1 година!