Новата кампања што вчера ја објави СДСМ, наречена „На прав пат“ е ископирана од хрватската социјалистичка партија (СДП).
Оваа кампања хрватските социјалисти, како што објави порталот Република, ја имаа за изборите пред десет години и оригинално беше насловен „Krenimo u pravom smejru“.

Дури и логото од хратските социјалисти е идентично со сегашното на СДСМ.

Ова не е првпат СДСМ да „позајмува“ слоган за изборна кампања. Кампањата во 2016 наречена„ Живот за сите“ беше земена од српската партија „Двери“.