Чест и задоволство ми е што сум покровител на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку што и самиот сум галичанец по потекло, изјави Стево Пендаровски.
– Галичката свадба ја слави љубовта и традицијата во нашето мултикулурно општество. Кога се радуваме со свадбарите, истовремено се потсетуваме за богатството на нашето културно наследство преку автентичните обичаи, разнобојните носии и мијачкиот фолклор. Нека им е со среќа на младите, порача Пендаровски во објавата на официјалниот профил на Фејсбук.
Пендаровски не пишува име на земјата на која е претседател и во која се одржува традиционалната манифестација Галичка свадба, но сигурно знаат добро упатените во политичките состојби, како и поголемиот број граѓани на Република Македонија.