Притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13, наводно, поради безбедносни и здравствени причини, е сместен во Хашкото одделение во затворот, потврдуваат од Истражниот затвор во Шутка.
Од таму додаваат дека Хашкото одделение не е за привилегирани, туку било заради безбедносни и здравствени причини.
На Јовановски завчера му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена. Погледнете како изгледа тоа одделение кое се разликува од другите. Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг.
Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку. Има прегради на тоалетите во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е тоа што во нив има веце шолја, а во обичните се „чучавци“. Исто така хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци.