Кочани Гори, улица “Васил Главинов“ е најпогодена и сите кои можат да помогнат се упатени таму.

Пламените јазиции стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои, според неколку медиуми, е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.

Тој барал и хеликоптер за гасење, но помошта од воздух не стигнала.

Во Кочани испратени се и противпожарни еидници од Скопје.

Станува збор за два пожара во ридско-планинското подрачје кои попладнево избувнаа околу Кочани и кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.