Белорускиот претседател Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во неговата резиденција во Минск, каде денеска се одржуваше протест на опозицијата, објави Спутник.

Овој извор наведува дека Лукашенко носел автоматска пушка и на себе имал панцир.

– Лукашенко пристигна во Палатата на независноста пред еден час, соопшти службата на претседателот на Белорусија.

На Твитер е објавено и видео на кое се гледа дека Лукашенко излегува од хеликоптер со автомат во рацете. Претходно беше објавено дека опозицијата по завршувањето на протестот на плоштадот Независност тргнала кон претседателската резиденција.