Фотографии со пречкртани „хеленски табли“ пред македонските споменици се објавуваат денеска на социјалните мрежи.
Станува збор за таблите кои актуелната власт вчера преку ноќ ги постави пред спомениците од македонската антика во повеќе градови во Македонија.
Нема подетални информации каде и колку од поставените табли се пречкртани од револтирани Македонци. Од фотографиите кои се споделуваат и на Фејсбук се забележува дека станува збор за споменици во Скопје, а како што објавивме вчера вакви табли беа поставени и пред споменици во другите градови.
Шарените „револуционери“ пред неколку години ги фарбаа и сквернавеа спомениците, а денес револтираните Македонци ги чкртаат таблите со кои се врши историското предавство.
(Д.Г.)