Последните тројца грчки премиери, меѓу кои и актуелниот Мицотакис, имале средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг, и тоа со официјални меѓусебни посети, а не на маргините на некој друг настан. Тоа само по себе е доволен показател дека Грците немаат намера даб егаат од средби со Кинезите, како што е показател дека во оваа земја која доследно се бори за своите интереси, многу помалку има исплакнати мозоци кои во Кина гледаат непријател од кого треба да се бега.
Инаку, Џинпинг од денеска е во тродневна офицјална посета на Атина по покана од грчкиот претседател Павлополус. Според агендата, една од првите негови посети ќе биде на кинеската компанија Коско која пред извесно време го купи грчкото пристаниште Пиреја.