Во Србија се случи сообраќајна несреќа во која автомобил се залепи за куќа.

Автомобилот е вертикално залепен за куќа, откако излетал од патот утрово во селото Умчари.

Во несреќата возачот се здобил со лесни повреди, а никој од домаќините во куќата не е повреден.

Мештаните за српски „Телеграф“ велат дека на ова место често се случуваат несреќи, но вакво нешто прв пат гледаат.