Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави дека стационарот Лајка е при крај и со тоа решавање на проблемот со илјадниците кучиња скитници, поради кои Град Скопје исплаќа големи суми отштета на нападнати граѓани од кучиња.
– Пректот за реконструкција на стационарот Лајка е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А, да. Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано е и здраво. Ако има заинтересирани…- порача Шилегов на Фејсбук.
Хуман е овој начин на решавање на проблемот со кучињата скитници, но проблем е тоа што во Скопје, како и во другите градови, ги има премногу, па секојдневно во билтенот на МВР има пријави за нападнати граѓани.