Владејачката партија СДСМ денеска како што долго ја најавуваше ја одржа завршната трибина во салата Борис Трајковски во Скопје.
Доказ дека СДСМ се соочува со страв и паника од недовербата на граѓаните е полнењето на салата со граѓани од цела Македонија, наместо на трибината да бидат присутни само жителите на главниот град.
Како што објави македонскиот портал Курир, до редакцијата биле испратени фотографии од револтирани граѓани кои се жалат на блокираниот град од автобусите кои се буквално дојдени од сите градови во земјава и истите биле преполни со активисти на СДСМ.
Дека СДСМ и Заев се пред пораз на 12 април доказ е и фактот што и со автобуси од цела Македонија едвај ја наполнија салата Борис Трајковски.