Денеска на вториот ден од Велигден, кога православните христијани ширум Македонија одат на гробиштата за да им оддадат почит на починатите претци, влезот на православните гробишта во Тетово е затрупан со неисчистен отпад.
На тоа реагираат граѓани преку социјалните мрежи.
– На втор ден Велигден, православните христијани ги посетуваат гробовите на своите предци за да им оддадат почит со палење свеќа и делење црвени јајца. Ова е сликата на влезот од православните гробишта во Тетово. Коментар не е потребен. Министри, градоначалници, функционери – срам да ви е, напиша во својата порака на Фејсбук, Катка Божиноска.