Вистински спектакл на вредности на албанското културно наследство се прикажа денеска во Албанскиот театар во Скопје, објави вечерва првиот вицепремиер на Македонија, Артан Груби.
– Посебно задоволство е што заедно со Државниот ансамбл на албанските народни песни и ора во земјава се погриживме за продолжување на традицијата на организирање на Денот на кечето, по повод одбележувањето на годишниците на независноста на Република Косово. Вистински спектакл на вредности на албанското културно наследство се прикажа денес во Албанскиот театар во Скопје, објави Груби на неговиот официјален профил на Фејсбук.
На фотографиите може да се видат многумина министри и функционери на ДУИ, како и лидерот Алија Ахмети, кој денеска го честита Денот на независноста на Косво.
Како што може да се види од објавата првиот вицепремиер Груби името на државата во која го слави Денот на кечето ја именува со „земјава“.