Владата вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност.

На ифтарската вечера присуствуваше целиот државен врв, министри, верските лидери.

Facebook / Hristijan Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на овие вредности, вечерта ја поминале во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество.

-Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница. На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови, истакна Мицкоски.