Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на свети Георгиј Победоносец, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.
Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.
И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се приллучи на традиционална струшка литија со моштите на свети Георгиј Победоносец.
– Во Струга на традиционална струшка литија, напиша Мицкоски на Фејсбук и сподели фотографии литијата.