Ние треба да направиме се за да влеземе во преговори со ЕУ, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Тој рече дека пред се граѓаните ќе имаат придобивка од членството во ЕУ, а потоа и МВР.

– Придобивката пред се ќе биде за граѓаните и тоа е стратешка цел. Тоа е нашата референтна точка од којашто нема враќање назад и нема компромис во однос на тоа. И ние треба да направиме се за да влеземе во преговори со ЕУ. Зошто е важно, бидејќи низ тој процес на преговори со ЕУ европските вредности ќе бидат дел од работењето на институциите, секако тоа ќе биде и дел на работењето и на МВР, кажа Спасовски.

Тој додава дека влезот на нашата земја во ЕУ ќе допринесе секој граѓанин на нашата земја да се чувствува свој на своето.

– Важно е низ процесот на преговарање, низ воведувањето на таквите вредности коишто се европски кои сите ние ги посакуваме да дојде до промена или јакнење на јавната свест и нашето размислување да биде токму во тој правец на европски вредности, европски идеали кои се базираат на демократски општества, кои се базираат на една солидарност, на слобода итн. тоа е нешто што е потребно за секој еден граѓанин да се чувствува свој на своето овде во нашата С. Македонија, додава Спасовски.