Градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави ресистематизација на вработените во општинското јавно претпријатие, бидејќи според последниот извештај на претпријатието, во него работат околу 200 работници, а само 30 отсто од нив работат на терен, и другиот дел, од околу 150 вработени, се ангажирани во администрацијата на фирмата Тетова.

Касами рече дека ваквата состојба наследена од претходниот состав е апсурдна и дека е неопходна реорганизација на претпријатието.

-Таму има бесмислен дисбаланс, над 70 отсто од вработените се во администрацијата, а околу 30 отсто се во оперативниот дел на чистење, одржување на патишта, водоснабдување или се што значи негова оператива. За жал, како што констатиравме во компанијата, само 50 вработени се систематизирани со работни решенија, и побаравме од претпријатието да ја смени систематизацијата, за сите оние кои се ангажирани во оператива на претпријатието да се предвидад во систематизацијата, а потоа во следната фаза да ги ангажираме со решенија, без разлика дали се трајни или привремени, изјави Касами.

Јавното претпријатие должи околу 9 милиони евра, а тоа е пречка за неговото работење, па Касами најави поделба на претпријатието на две дирекции, таа за водоснабдување и на Претпријатието за управување со отпад.

– Свесни сме дека не може да се платат за кратко време, а потребите на граѓаните се секојдневни. Затоа работиме овде и имавме тројца странски инвеститори да видиме можност за соработка со приватна компанија за отпадот, и да видиме и регулирање на прашањето со водоснабдувањето, да се подели на посебни претпријатија за да не зависат од оваа финансиска состојба на претпријатието, изјави Касами.

Касами овие коментари ги даде за време на денешната акција за чистење на градот, во која покрај вработените во Претпријатието, беа вклучени и невладини организации, но и професори и средношколци.

Извор:ТВ Алсат М