Не знаеме каде кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски го паркирал своето „југо“ денеска на митингот во Берово, но затоа еден автомобил од неговата придружба нашол место на пешачки премин. Пешаците може да почекаат, да се знае кој е власт и кој може што сака да прави, па ако сака и на пешачки премин да паркира.
Патем, автомобилот е од марката „мерцедес“ и на него е залепен голем промотивен плакат за Пендаровски. Нормално, „мерцедес“ е „мерцедес“, зар може партијата на власт да лепи плакати на нешто помалку од тоа?