Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин која е непризнаена од бугарските власти, по повод роденденот на еден од најголемите македонски револуционери Јане Сандански, објави фотографија од група преживеани комити од илинденскиот период кои оддаваат почит на гробот на пиринскиот војвода.

Според објавата на ОМО Илинден – Пирин, на фотографијата се соборците на пиринскиот Цар кои го преживеале тешкиот илинденски период и првата половина од 20 век. Снимена е во 1960 година за време на чествувањето на ликот и делото на Јане Сандански кај неговиот гроб во Роженскиот манастир.

– Македонските комити од 1903 година добро знаеле кој бил и за што се борел Јане Сандански. Македонски комити, преживеани борци од времето на Илинденското востание од 1903, оддаваат почит на гробот на македонскиот војвода, Пиринскиот цар Јане Сандански. Над нивните глави добро се чита: „Слава на големиот македонски револуционер – демократ Јане Сандански“, стои во описот на фотографијата во објавата на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден – Пирин.

(М.П.)

фото: ОМО Илинден – Пирин