ТВ презентерката Татјана Стојановска објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.
Татјана со синот Матеј кој има 21 година
Неодамна, презентерката која важи за една од најнегуваните кај нас, проговори за својот љубовен живот.
„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Татјана и Благоја Грујовски се разделија во 2007 година. Тогаш изјавија дека решиле оти подобро ќе функционираат раздвоено и остануваат во пријатеслки односи.
„ Откако вежбам многу се промени формата на моето тело, но и кондицијата. Порано бев многу понеподвижна и се чувствував уморно, но сега откако вежбам, во голема мера се чувствувам поенергично. Повремено спроведувам и одреден режим на исхрана со цел да намалам вишок на килограми“, раскажа за одржувањето на формата Татјана за Женски магазин..