Третото издание на изборот за Мажи на годината за 2020 година, традиционално ќе се одржи последната среда во ноември, односно на 25 ноември 2020 година.
-Иако се наоѓаме во исклучително тешка година, година што е комплетно различна и едвај чекаме да помине, ние традиционално ќе ги славиме најуспешните мажи и оваа 2020 година. Горди сме што успеавме да креираме настан, што стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики и носат до успех, на хедонизмот, на општествена одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки што влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, а притоа создаваат позитивна слика во јавноста, изјавија организаторите на настанот Мажи на годината.
Во изборот за Мажи на годината се вклучени професионалци од разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целата јавност.
Настанот првпат се одржа во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас www.friday.mk.