За време на пандемијава, на многу луѓе им стигаат писма „за жртвите на Ковид-19“, предлози за донации за развој на вакцини, па дури и понуди за купување лек за вирусот… Американскиот Национален центар за финансиски услуги предупредува дека голем дел од сѐ тоа се измами.

Според стручњаци од Центарот, еден од најпопуларните методи за повлекување пари е шемата за испраќање пораки за надомест на штета на луѓе кои, наводно се заразиле со коронавирусот.

„Тоа може да биде испратена порака со линк на некоја од социјалните мрежи… Или пак, повик на телефон дека сте добиле компензација во врска со пандемијата. Многу луѓе ја следат врската во пораката без размислување, или пак, веднаш почнуваат да се јавуваат на дадениот телефонски број, па губат пари и без да знаат за тоа. Владини службеници не испраќаат СМС-пораки и не се јавуваат ако имате право на надомест – тие информации може да ги добиете само ако самите им се јавите”, велат од центарот.

Друг вид измама се оние повици за дарување пари за развој на вакцина против коронавирусот… Имало и лажни понуди за платен тест за Ковид-19, за дезинфекција на станот од вирусот, за работа во ова време на корона-криза и слични…

„Сите овие понуди имаат нешто заедничко – ќе ви биде понуден линк, каде што ќе биде побарано да внесете лични податоци. Тоа значи ризик вашите средства“, се вели во извештајот.