Бројот на починати лица од новиот коронавирус во Франција е многу поголем од официјалните податоци на Владата, кои известуваат само за смртните случаи во болниците и не ги вклучуваат оние кои починуваат дома или во домовите за старци, изјави денеска претседателот на Француската асоцијација на болниците, Фредерик Валету.
– Ние ги знаеме само податоците дадени од болниците… Дури и според официјалните податоци, порастот е веќе голем, а апсолутните бројки несомнено би били многу поголеми, ако се додаде она што се случува во домовите за стари лица, како и луѓето кои починуваат во своите домови, нагласи Валету.