Францускиот суд денеска треба да му изрече пресуда на поранешниот премиер Франсоа Филон за обвинението за фиктивно вработување на неговата сопруга, но пресудата може да биде одложена поради контроверзи околу наводниот притисок врз обвинителите.
Филон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што и донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.
Поранешната шефица на Канцеларијата за финансиско обвинителство Елиан Хулет пред пратениците на 10 јуни рече дека се соочила со притисок за брзо поднесување обвинение против Филон.Адвокатите на Филон побараа ново судење, а претседателот Емануел Макрон побара спроведување истрага.
Судот ќе донесе одлука за барањето на Филон рочиштето да се одржи во понеделник. Доколку биде прифатено, пресудата може да се одложи за неколку месеци, но доколку биде одбиено, треба да се изрече во текот на денот.Филон (66) се бранеше дека не сторил ништо лошо и дека работата на неговата сопруга, како асистентка во Парламентот 15 години, не била фиктивна.
Обвинителите бараат пет години затвор за Филон, три години условна казна и две во затвор, како и парична казна од 375.000 евра.