Пакетот мерки на Европската унија за опоравување на економијата од пандемијата на коронавирус треба да се состои во најголем дел од грантови, а не од заеми, изјави Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд за германскиот весник „Шпигел“.

– Во спротивно, пакетот мерки нема да предизвика економско закрепнување, вели Гопинат во изјавата објавена денеска во весникот.

Лидерите на ЕУ се договорија во април да формираат фонд за итна поддршка на економијата на 27 држави од Унијата, а за конечните детали допрва треба да се договорат.