Бројот на сиромашни кои работат се искачи за 181.000 меѓу 2016 и 2017 година, според најновите бројки на французкиот Институт за економски и статистички студии – ИНСЕЕ.
Вкупно имало 2,1 милион вработени сиромашни во однос на 1,9 милиони една година порано, јавува МИА.
Според пишувањето на економскиот дневен весник Ла Трибун, ефектите од кризата од 2008 година сè уште се чувствуваат во паричникот на Французите. И покрај подобрувањето во економијата, бројот на сиромашни луѓе на француско тло се зголеми од 8,5 милиони луѓе во 2013 година на 8,8 милиони во 2017 година.
Земајќи ја предвид еволуцијата на вкупното население, стапката на сиромаштија скокна малку за истиот период, од 13,8 отсто на 14,1 отсто. Во исто време, прагот на сиромаштија поставен на 60 отсто од просечниот приход се смени многу малку, растејќи од 1.021 евра на 1.041 евра месечно.
Постојат силни разлики според социо-професионалните категории и состојбата на активните. Стапката на сиромаштија на невработените нагло падна во 2017 година (0,7 поени). Во исто време, порасте стапката на сиромаштијата на вработените. Статистичката агенција ги објаснува овие различни показатели со зголеме
И покрај подобрувањето во економијата, осиромашувањето на работниците и невработените се влошува. Во време кога популизмот се зајакнува особено во Италија, предизвиците за европската економија остануваат огромни.
Според бројките дадени од ИНСЕЕ, средниот годишен животен стандард на Французинот кој живее во домаќинство бил 20.820 евра годишно, или 1.735 евра месечно. За 10 години, ова ниво е во „период на квази стагнација со невидено времетраење“ објаснува институтот. Оваа стабилност се рефлектира во бројки со намалување на животниот стандард помеѓу 2008 и 2013 година од 0,3 отсто годишно во просек и потоа благо зголемување (последователно + 0,5 отсто годишно). И покрај враќањето на растот во Франција во 2017 година (2,3 отто), финансиската состојба на Французите не е фундаментално подобрена.
Промените во животниот стандард имаа контрасти според категориите на приходи. По намалувањето помеѓу 2011 и 2014 година, нивото на највисоките приходи постепено се зголеми на 38. 210 евра во 2017 година, во споредба со 37. 390 евра пред 10 години. Во 2017 година, зголемувањето на животниот стандард беше поповолно за побогатите, односно порасна за 0,7 отсто за една година.
На дното на скалата, ситуацијата е многу помрачна. Французите сè уште не го пронашле во 2017 година (11.290 евра) животниот стандард што го имале во 2008 година (11.340 евра). И покрај тоа што повеќето економисти се согласуваат дека социјалната заштита и редистрибутивниот систем одиграа тампон улога во ограничувањето на уништувачките ефекти од Големата рецесија, „животниот стандард на луѓето под првите две десетци се влоши од кризата “, велат статистичарите. Неодамнешната криза на „жолтите елеци“ го стави фокусот на дебатата за куповната моќ на најниските приходи и за изборот на економска политика направени од различните влади.
Нееднаквостите во разликите се стабилизираат во однос на 2016 година. Така, индексот „Џини“ се искачи од 0.288 на 0.289 помеѓу 2016 и 2017 година. „Во 2017 година, 20 отсто од најбогатите луѓе добиваат 38 отсто од вкупната маса на животниот стандард, додека 20 отсто од најскромните добиваат девет отсто“ објаснуваат експертите од ИНСЕЕ. Нееднаквостите во животниот стандард нагло скокнаа по големата криза во 2008 година. Најсиромашните домаќинства беа првите жртви на рецесијата.