Џихадистот Петер Шериф вчера е изнесен пред обвинител поради отслужување на петгодишна затворска казна, која е донесена во 2011 година, соопшти канцеларијата на обвинителството, јави МИА.

Петер Шериф, „исчезна“ последниот ден од судењето во Париз пред седум години, а беше уапсен на 16 декември во Џибути.

Тој, исто така, во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред истражен судија, во врска со нова судска истрага. Имено, обвинителството побара да биде обвинет за „терористички заговор” како и изрекување на времена мерка затвор.

Постои сомневање дека Петер Шериф е тесно поврзан со терористите кои го извршија нападот врз „Шарли Ебдо“.