Франција денеска ги укина правилата за влез во земјата, воведени поради пандемијата на коронавирусот, јави ДПА.
Веќе не е потребно оние кои пристигнуваат во Франција од странство да имаат документ за вакцинација или негативен тест за ковид, а оние кои пристигнуваат од ЕУ да докажат дека неодамна прележале Ковид.
Доколку се појават нови опасни варијанти на вирусот, француската влада може повторно да го воведе барањето да се покаже негативен тест од патниците дури и пред да се качат во авион.