Франција со убедлива победа од 2:0 над Уругвај оди во полуфинале на Светското првенство во Русија.
Попладнево тие ја победија ослабената уругвајска репрезентација која играше без повредениот Кавани.
Франција поведе со убав гол со глава на Варан, играчот на Реал Мадрид. Уругвајците по неколку минути возвратија, но голманот на „триколорите“ Љорис одбрани феноменално, а одбиената топка Годин ја шутна високо преку голот.
Во второто полувреме Французите ја наместија својата игра, но решавачка беше тешката грешка на голманот на Уругвајците Муслера, кој еден не многу тежок удар на Гризман од далечина не го одбрани, односно дозволи топката да му мине низ рацете и да се стркала во голот.