Албанската државната полиција информираше дека во Тирана вратени се 40 државјани на Албанија од две земји членки на Европската Унија, откако им е одбиено барањето за азил.
– Во акцијата која е реализирана во соработка со Фронтекс и француската канцеларија за емиграција (O.F.I.I) со чартер лет, вратени се 40 албански државјани, од кои 34 од Франција и шесттмина од Белгија. Станува збор за лица за кои е донесена одлука да ја напуштат француската и белгиската територија,откако им е даден негативен одговор на нивното барање за азил, се наведува во соопштението.
Според истиот извор Од 1 јануари 2020 година до денес, 808 албански државјани се депортирани со чартер летови.
При тоа државната полиција уште еднаш апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула“