Дождот во Австралија би можел да ги изгасне преостанатите пожари до крајот на неделата, соопштија денеска властите.

Австралија од септември се бори со неочекувано продолжената сезона на пожари. Се очекува дождот оваа недела да ги изгасне преостанатите 24 пожари, од кои четири „неконтролирано“ горат.

Во моментот е надмината кризата од почетокот на јануари, кога во 150 пожари вкупно изгореа околу 6.000 километри квадратни земјиште.

Огнената стихија ширум земјата уништи околу 12 милиони хектари, усмрти 33 лица и настрадаа околу една милијарда домашни животни. Илјадници домови се уништени, а во масовните евакуации спасени се австралиски државјани и туристи.