Националниот институтот за статистика и економски студии на Франција (ИНСЕЕ) објави студија за ефектите од мерките спроведени во 2018 година врз најбогатите и најскромните домаќинства, од што произлегува дека овие мерки ги фаворизираат најбогатите, јавува дописникот на МИА.
Социјалните и фискалните мерки што ги донесе владата на Емануел Макрон во 2018 година го зголемија животниот стандард на француското население за 1,1%. Но, тие ги фаворизираат 10 отсто од најбогатите домаќинства, покажува студијата за ИНСЕЕ.
Оваа категорија во просек заработи 790 евра повеќе за зголемување на нивниот животен стандард годишно, наспроти 130 до 230 евра за остатокот од населението. Луѓето кои имаат најголема корист од извршените реформи се оние кои поседуваат капитал. Замената на данокот на солидарност на богатството со данокот на богатството на имотот се проценува дека доведе до просечен пораст од 10.000 евра на расположливиот доход за домаќинствата на кои оваа мерка се однесува.
Ревалоризацијата на социјалните минимум, бонусот на активност и чековите за енергијата се најповолни за најскромните, но замрзнувањето на социјалните додатоци за домување ја компензираше оваа мерка.
Семејствата со самохрани родители и невработените или неактивните се со најголема стагнација на социјалната помош. Тоа дозволи да се заштедат 220 милиони евра, што погоди 4,7 милиони домаќинства, плус 40 000 домаќинства (заштеда од 50 милиони евра), кои требаше да имаат корист од оваа помош, бидејќи условите за пристапот до неа беше ограничен во 2018 година.
Додека зголемувањето на животниот стандард во процент е еднакво помеѓу најбогатите 10 отсто и најсиромашните 10 отсто од семејствата, добивката е пониска отколку за населението како целина. Средните слоеви бележат многу помал пораст. Тие го искористија само даночното олеснување на таксата за место на живеење.
Сите мерки најповеќе беа во корист на активните домаќинства, со просечно зголемување на животниот стандард од 340 евра годишно во просек, отколку пензионерите (+ 120 евра) или која било друга ситуација (+ 160 евра). Овие разлики се објаснува со промената на социјалните придонеси кон, поповолна за активните отколку за пензионерите.
Даноците на горивата или тутунот најмногу ги погодија најсиромашни во однос на нивните приходи.