Здружението на новинари од грчките весници ги осудува случаите со полициското насилство врз новинарите, бара истото да го стори и владата и вели дека во слободна и правна држава, неприфатливо е, претставниците на медиумите да бидат на мета на полицијата.

Осудата доаѓа откако во неделата, по завршувањето на протестот за одбележување на 46 години од студентскиот бунт и падот на хунтата, за време на инцидентите во атинската населба Ексархија , полицијата нападна новинар од информативен портал, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашите колеги, кога известуваат, ја извршуваат нивната должност со водечки критериум, информирање на јавноста, „пред“, а не „зад“ полициските сили. Неприфатливо е, во слободна и правна држава, новинарите да бидат на мета затоа што се обидуваат да го информираат грчкиот народ на начин што ќе обезбеди информации и слобода на изразување, соопштуваат од здружението и воедно бараат осуда и од владата и казна за одговорните.