Непознат маж е убиен од огнено оружје откако со нож нападнал полицајци во полициска станица во Париз, јавија локалните медиуми.
Во нападот се повредени двајца полицајци.
Според париски медиуми, човекот кој го извршил нападот бил полицаец вработен во Градскиот штаб на полицијата. Квартот околу зградата на полицијата во близина на Нотр Дам, е блокиран за движење.