Израелските пратеници денеска положија заклетва во новиот состав на парламентот по вторите парламентарни избори годинава, но без индикации дека наскоро ќе се формира влада.

Истовремено, во тек е судска постапка против поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху по неколку обвиненија за корупција.

Претходниот состав на израелскиот парламент беше најкусиот во историјата на Израел и траеше само малку повеќе од четири месеци.

Нетанјаху и неговиот главен ривал, Бени Ганц, немаат мнозинство во парламентот со своите природни сојузници, па единствената најверојатна опција е да формираат заедничка коалициска влада, доколку не сакаат да ја доведат земјата до трети избори оваа година.