До крајот на идниот месец, француската Влада ќе претстави нацрт закон за одданочување на големите технолошки компании во државата. Тоа го зијави министерот за економија, Бруно ле Мер.
Во интервју за „Журнал диманш“, тој рече дека со новиот нацрт закон ќе бидат погодени фирмите чиј промет на светско ниво е над 750 милиони евра и 25 милиони евра во Франција.
-Воведувањето даноци на компании како Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон е „голем предизвик“ и прашање на правда и ефикасност, смета министерот.
Стапката ќе биде одредена во зависност од прометот и ќе биде максимум пет отсто. Од данокот се очекува во државната каса на Франција да се слеат околу 500 милиони евра.