Во 2018 година концентрацијата на богатство се зголемила уште повеќе и 26-те милијардери имаат толку пари колку и половина од сиромашното население во светот. Тоа се нагласува во извештај на невладината организација Оксфам.

Според Оксфам, 26 луѓе имаат толку пари колку и 3,8 милијарди најсиромашни во светот. Во 2017 година нивниот број беше 43.

Најбогат човек во светот е Џеф Безос чие богатство во 2018 година е 112 милијарди долари. Буџетот за здравство на Етиопија е еден осто од богатството на Безос, нагласува Оксфам.

Вкупно, богатството на милијардерите во светот се зголемило за 900 милијарди долари минатата година – 2,5 милијарди долари дневно. Сосотојбата на сиромашните се влошила за 11 отсто, прецизира Оксфам. Бројот на милијардери е зголемен двојно од финансиската криза во 2008 година.

Тие ги повикуваат државите да ги одданочуваат најбогатите луѓе.

– Јазот што е зголемен меѓу богатите и сиромашните ја уништува борбата против сиромаштијата, и штети на економијата и го потхранува незадоволството во светот, вели Уини Бианијма, извршен директор на Оксфам интернешнал.

– Владите треба да гарантираат дека компаниите и најбогатите луѓе ги плаќаат своите даноци, додава таа, по објавувањето на годишниот извештај на Оксфам.

Извештајот е објавен пред Светскиот економски форум во Давос што треба да се одржи од 22 до 25 јануари.