Повеќе од 1.000 полицајци се повредени во протестите низ Франција, изјави министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми во неделата.
Дерманин за францускиот весник „Журнал ди диманш“ (JDD) изјави дека 1.093 полицајци и пожарникари се повредени од избувнувањето на протестите во март.
Покрај тоа, имало 2.579 вооружени инциденти и 316 напади на јавни згради, изјави тој за неделникот.
Paris, France 🇫🇷
A bird’s eye view that shows the scale of the protests. #FranceProtests pic.twitter.com/Q756Ko3DD5
— James Melville (@JamesMelville) March 29, 2023
Тој не даде информации за повредените граѓани, но рече дека 36 полицајци се под истрага поради сомневање за прекумерна употреба на сила.
Дарманин ги отфрли обвинувањата дека полицајците биле агресивни кон граѓаните и дека употребиле непропорционална сила.
„Правото на протест не го вклучува правото на насилство“, рече тој.
„Полицијата мораше да интервенира кога инаку мирните протести станаа насилни“, рече Дарманин.
Тој рече дека полицијата може легитимно да покаже сила и понекогаш да постапува грубо, но со тоа одговара на крајно насилни напади од професионални криминалци чија цел е уништување имот и убивање на полицајци.
🇫🇷 France 🇫🇷 @EmmanuelMacron Police Thugs attack civil in totally unprovoked attack.
Clubbing someone around the head is attempted in my book@BBCNews @BBCBreaking @ITV @SkyNews – why don’t you report on any of these countless instances?#FranceProtests #Macron #France pic.twitter.com/XVV2p8y6q1
— Concerned Citizen (@cotupacs) April 1, 2023
Протестите, кои беа мирни неколку недели, станаа насилни на 16 март кога владата ја протурка контроверзната реформа без гласање во парламентот.
Уставниот совет сè уште ја разгледува реформата.
Синдикатите повикаа на 10-ти национален ден на штрајкови и протести во четврток, а владата не покажува знаци на повлекување.
Штрајковите продолжуваат да го нарушуваат јавниот живот.
На места загрозен е авиосообраќајот и полнењето гориво на бензинските пумпи.