Француската армија неутрализирала повеќе од 600 џихадисти во Сахеловиот појас од 2015 година досега, од кои една третина во 2018 година. Тоа се нагласува во извештај на министерката за одбрана на Фрацнија, Флоранс Парли.

– За четири години заедно со нашите партнери неутрализиравме повеќе од 600 терористи, изјави таа пред Комисија за одбрана во францускиот Сенат на 20 февруари. Деталите од нејзиното сведочење беа објавени доцна синоќа.

– Во 2018 година постигнавме многу важни успеси – неутрализиравме многу команданти на терористите и повеќе од 200 нивни борци, додаде таа.

Според неа, решението за кризата во Сахеловиот појас „не е воено туку, политичко“.