Осумнаесет затвори „се блокирани“ од страна на нивните чувари, откако двајца нивни колеги беа повредени од радикализиран арестант во затворот во Аленсон-Конде-сур-Сарт, јави МИА.
Во овие 18 затвори од вкупно 188 колку што ги има во Франција, чуварите одбија да ја преземат службата, во другите затвори имало доцнење во преземањето на смените, а според Синдикатот блокирана е работата во околу 80 проценти од затворите во Франција.
Барањата на затворските чувари се однесуваат на безбедноста и на личните примања. Тие бараат зголемување на платите, бидејќи ниските плати не дозволуваат да се регрутираат нови чувари. Односно професијата затворски чувар не е атрактивна. Имено многу затворски чувари заминуваат од работните места за нови, најчесто во општински полиции.
Министерката за правда, Никол Белубе призна дека „се уште има пропусти“ во управувањето со радикализираните затвореници, по нападот во ултраобезбедениот затвор во Аленсон-Конде-сур-Сарт. Таа побара инспекција на затворот за да се расветли како дошло до нападот во кој двајца чувари беа повредени, а во акцијата на специјалните сили загина придружничката на радикализиарниот затвореник Мајкл Киоло, кој исто така е повреден. Се сомнева дека таа го обезедила керамичкиот нож со кој бил извршен нападот, кој е квалификуван како „терористички“.
Во Франција од околу 70.000 затвореници околу 500 се осудени поради терористички акти, додека 1.200 затвореници идентификувани се како „радикализирани“.