Започнатите антивладини протести во Франција продолжуваат да бидат причина за одложување натпревари од француската Лига 1.
Новиот дуел овој викенд, кој отпаѓа од програмата, е оној меѓу Сент Етиен и Олимпик Марсеј, кој требаше да се одигра в недела.
Поради протестите, кои ги зафатија најголемите француски градови, полицијата одлучи дека ќе биде подобро да ја одложи средбата од безбедносни причини. Досега четири мечеви отпаднаа од програмата за 17-тиот круг.
Покрај Сент Етјен – Олимпик Марсеј, во петок нема да се игра дербито помеѓу Монако и Ница, а во сабота беа откажани средбите ПСЖ – Монпелие и Тулуз – Олимпик Лион. Меѓутоа, можно е да не се играат повеќе натпревари.