Кошаркарите на Денвер ја продолжија победничката серија со седмиот триумф по ред остварен ноќаска на гостувањето кај Орландо по дополнителни пет минути.

По оваа победа, Нагетс се со најдобар биланс од тимовите во Западната конференција.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта меѓу среда и четврток:

Кливленд – Голден Стејт 105:129
Орландо – Денвер 118:124 по продолжение
Атланта – Вашингтон 117:131
Бруклин – Оклахома 112:114
Мемфис – ЛА Клиперс 96:86
Милвоки – Детроит 115:92
Минесота – Шарлот 121:104
Њу Орлеанс – Далас 132:106
Торонто – Филаделфија 113:102
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 121:113.