На 23 ноември, Роберт Просинечки, еден од најдобрите фудбалери во некогашна СФРЈ, а потоа на Хрватска, сега селектор на репрезентацијата на БиХ, на 23 ноември годинава бил опериран во Сараево.

Операцијата била на тенкото црево, но по кратко време било утврдено дека раната не зарастува добро, па морал да биде опериран уште еднаш.

„Мораше да биде опериран повторно бидејќи раната бавно му зараснуваше. Сега е добар и закрепнува“, рекле од Клиничкиот центар во Сараево.

Првата операција траела три часа, а за сегашната има малку информации бидејќи, како што велат од Центарот, сакале да помине во „мир и тишина“.

Ова не прв пат славниот фудбалер да има проблеми со здравјето. Во 2009 година имал проблеми со бактерија во желудникот која му предизвикувала проблем со центарот за рамнотежа.