Стотина тинејџри од средните училишта, поредени во линија, клекнати на земја, во тишина, со рацете над главите, со ранцете пред нив или на грбот, чувани од вооружени полицајци, со шлемови и оружје.
Ова е сцената од настанот во Mantes-la-Jolie (Yvelines), Франција, неколку часа пред снимката да биде пуштена на социјалните мрежи во четвртокот навечер. Всушност, децата се уапсени во четвртокот околу пладне после блокадите на две училиштата оддалечени едно од друго 500-тини етри, во близина на градот Val-Fourre.
„Овие снимки се шокантни, но ниту еден тинејџер не беше повреден ниту третиран погрешно и незаконски и немаме никакви поплаки на настанот“, изјавил префектот на Yvelines, Жан Жак Брот, а пренесува Ле Монд.
„Снимките шокираат… кога ги видов бев вџешен“, рекол министерот за образование на Франција, вчера, во петок, барајќи да се согледа контекстот на настанот.
Протестите започнале на 4 декември кога два контејнери во близана на училиштата биле запалени. Полицијата тврди дека врз нејзе биле фрлени проектили и таа возвратила со солзавец.
„Околу 200 млади луѓе ја каменуваа полицијата“, изјавил локален жител. “Префектот побарал да не се употребува солзавец, но ситуацијата ескалирала“, додал Тиери Лаурент од кабинетот на префектот.
Наредниот ден судирите продолжиле. Во четвртокот наутро, околу 9 часот повторно биле запалени неколку контејнери за ѓубре, по што започнале судири кои завршиле со сцената која се гледа на видеото. Вечерва по социјалните мрежи почнала да кружи снимката по што се јавиле и првите реакции:
„Ова не е Република. Младите Французи понижени. Неприфатливо….“ се само дел од острите видувања на Французите за настанот, но и не само на Французите.
Но, споменатиот шеф на кабинетот на префектот, Тиери Лаурент, на сето ова возвратил со зборовите:
„Како да држите мирни 150 млади луѓе со 70 полицајци: Јас друг метод не познавам“, рекол тој, пишува Ле Монд.