Француското обвинителство денеска отвори истрага за убиството на 92-годишна жена во старечки дом во северна Франција, а за злосторот осомничена е нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.
Обдукцијата покажа дека старицата била усмртена со давење и добила неколку удари по глава.
Нејзината 102-годишна цимерка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата и поради тоа била префрлена во психијатриска болница.
Извори од болницата велат дека старата жена во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.
Обвинителството соопшти дека истрагата е отворена, но се чекаат психијатриските наоди пред евентуалното покренување на постапката против стогодишнината старица.
Французинка од 102 години осомничена за убиство на цимерка во старечки дом
