Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува во анализата во денешното издание германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ).

– Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија, пишува ФАЦ.

Од една страна, ЕУ не сака целосно да се одвои од балканското соседство, а од друга, преку Договорот за стабилизација и асоцијација веќе им понуди на земјите од регионот меѓу-скалило кон полноправно членство. Сега, кога според германскиот весник, е јасно дека од полноправното членство нема ништо, што би била алтернативата која, од „една страна би била реалистична, а од друга, би била доволно атрактивна за регионот“ за да се запрат автократските процеси, да се забрзаат реформските процеси или воопшто идејата да заживее?

– Рецептот, кој секогаш одново се споменува, гласи: Полноправно членство на балканските држави во Единствениот европски пазар. Со други зборови: целосно економско учество без право на политички збор, наведува ФАЦ.

Целата анализа ја објавува Имнфомакс