Поранешниот менаџер на Челзи, Френк Лампард би можел да го преземе Евертон. Според „The Telegraph“, денес Англичанецот ќе има второ интервју со раководството на Евертон.
Шефовите на „карамелите“ сериозно ја разгледуваат опцијата да го назначат Лампард за главен тренер.
Евертон преговараше и со поранешниот тренер на Порто и Олимпијакос, Витор Переира, а неговото евентуално назначување разбесни некои од навивачите на клубот.
Да потсетиме дека Лампард е без работа повеќе од една година, сака да води еден од клубовите во Премиер лигата. Тој претходно беше во преговори со Кристал Палас, Астон Вила и Норвич, но од различни причини никогаш не беше ангажиран во ниту еден од тие клубови.
Минатата недела надлежните од Евертон ја одржаа првата средба со Лампард.